Google Chrome овој месец полни 10 години, односно тој за првпат беше претставен во јавноста во 2008 година. На почетокот беше достапен само за Windows, но година дена подоцна можеа да го користат и корисниците на macOS, како и Linux.

Овој интернет прелистувач, исто како што е случајот со Mozilla Firefox, е направен на основа на отворен код којшто им е достапен на сите, а тој е повеќе познат како Chromium. Поголем број на прелистувачи се достапни поради отвореноста на кодот, па корисниците можат да ги добијат перформансите и функциите на Chrome, меѓутоа доразвиени од друга компанија со свои дополнителни можности.

Денес неколку од најпознатите конкуренти на Chrome се направени на основа на Chromium, со што се додава на базата на корисници кои не ги користат Firefox или Edge.

Главната причина поради која Chrome успеа да ја добие својата популарност и покрај постоењето на Firefox, е неговата едноставност и брзина. До ден денес може да се забележи начинот на отворање на веб страните со овој прелистувач, иако Firefox успеа да „стигне“ со своите неколку последни верзии.

Google Chrome исто така е познат по тоа што е изграден да целосно ги поддржува најновите стандарди на веб технологијата, па корисниците не ретко успеваат само со овој прелистувач најдобро да ја завршат својата работа.

Оваа ситуација дури ги „загрижува“ одредени луѓе, односно Chrome почнува да биде толку масовно користен и одредени работи се направи да функционираат најдобро со него, што веќе некои почнуваат да го нарекуваат новиот Internet Explorer. Се разбира, ова не е поради застареноста на прелистувачот.

За некој ден Chrome ќе го добие својот прв посериозен редизајн којшто во себе ќе вклучува повеќе бела боја и заоблени елементи, наместо досегашните квадратни. Овој дизајн стил ќе почне да се користи повеќе и во Android, а некои од апликациите веќе го имаат.

Претходна статијаНаредната надградба на Windows 10 доаѓа во октомври и ќе се вика October 2018 Update
Следна статијаРСБСП со апел: Во новата учебна година, со заеднички сили до поголема безбедност на децата во сообраќајот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.