chrome-beta-android

Доколку сте како нас и често читате статии преку вашиот мобилен телефон или таблет компјутер, една од најкорисните работи кои што може да ги има еден интернет прелистувач за таа намена е Reader Mode. Различно нарекувана на другите прелистувачи, во основа оваа функција ги трга сите непотребни работи од веб страната и го остава само текстот од статијата да можете лесно да го читате. Тоа значи дека нема да имате потреба од зумирање до текстот, поместување на страната за да ја погодите формата, туку едноставно текстот останува на вашиот екран и ништо повеќе.

Оваа функција е одамна достапна на Firefox и Safari прелистувачите, а веќе одреден период дури и на Internet Explorer за Windows Phone 8.1. Слободно може да се каже дека Google каснат со воведување на оваа барана функција, па оваа вест сигурно ќе биде позитивна за многу корисници.

Google конечно реши да ја воведе оваа функција, па истата може да ја користите преку бета верзија од Chrome прелистувачот за Android. На десктоп функцијата не е достапна, меѓутоа можете да користете некој од достапните додатоци, од кои нашиот омилен е Clearly.

Screenshot_2014-10-16-16-32-33

Кога ќе отворите некоја веб страна на која што сакате да прочитате статија, во главното мени сега се наоѓа Reader Mode копче. Со негово притискање текстот ќе биде форматиран, а другите работи околу него ќе биде тргнати. Иконата која што стои до копчето е шепа од куче, што означува дека оваа функција е во фаза на развој и треба да очекувате некомпатибилности со одредени страни, паѓања и слично. Поради тоа што е се’ уште во рана развојна фаза, Reader Mode на Chrome не нуди можност за избор на големината на текстот, видот на фонтот и слично. Исто така се појавуваат и грешки при форматирањето на страната, па можни се прикажувња на текст кој што не би требало да биде прикажан.

Со внесување на следниот текст во лентата за адреси, можете да активирате копче за Reader Mode кое што ќе биде прикажано на горната лента за побрз пристап. Сепак копчето не се појавува на сите страни, па може почесто да ја вклучувате функцијата преку главното мени.

chrome://flags/#enable-reader-mode-toolbar-icon

Кога од Google планираат да ја воведат оваа функција во стабилните верзии нема информација, а не значи дека тоа ќе биде наредната. Сепак добро е да се види дека работат на неа, па сега знаеме дека можеме да ја очекуваме.

Извор: GreenBot, Android Police

Претходна статијаЕлон Маск сака да изгради метрополис на Марс
Следна статијаРазвиени брзо полнечки батерии со век на траење од 20 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.