Google
Фото: Twitter

Google апликација ќе пребара низ илјадници уметнички дела за да го најде вашиот двојник од минатото. Апликацијата наречена Arts & Culture пребарува сличности на фотографијата од вашиот лик и некое уметничко дело.


Arts & Culture се појави уште во 2016-тата година, меѓутоа функцијата за споредување на фотографии со уметнички дела е вклучена од неодамна. Потребно е корисникот да направи селфи фотографија која подоцна софтверот ја споредува. Резултатот е уметничко дело на кое вашиот лик потсетува во дадениот момент.

Секако, ова не е главната цел на апликацијата. Таа нуди виртуелни тури низ голем број музеи, пребарување на уметнички дела по историски периоди како и занимливости и историски факти поврзани со истите. Апликацијата е достапна за корисниците на Android и iOS, меѓутоа функцијата за споредување е достапна само во одредени региони од светот.

Извори: CNet, Independent

Претходна статија„Протече“ кутијата во која ќе доаѓа Galaxy S9 со неговите карактеристики
Следна статијаAmazon патентира огледало на кое може да пробате виртуелна облека