googleartnewtab

После Google Earth View екстензијата која ви овозможуваше во празните нови страници да гледате случајно одбрана сателитска слика од Земјата, од Google само што ја објавија нивната најнова екстензија – Google Art Project.

Се работи за екстензија за прегледувачот Chrome која ќе ви овозможи приказ на класични уметнички дела (во главно слики и цртежи) кога ќе отворите ново празно јазиче. Ова дефинитивно ќе ви го збогати животот и ќе ве доведе во допир со делата на многу познати автори.

Инаку, делата се преземени од Google Cultural Institute, проект на Google за архивирање и промоција на многу познати дела од авторите ширум светот. Таму можете да ги прегледувате овие дела и да се соблазнувате на нивната уметничка вредност, а исто така постои и засебна Chrome екстензија за самиот институт.

Google Art Project ви овозможува неколку опции. Можете да одберете да се менуваат уметничките дела при секое отворање на ново јазиче или на дневна база. Има опција за приказ на копче во долниот десен агол со стискањето на кое се отвораат најчесто посетуваните страници. Имате и опција да ги прикажете две други копчиња, за стандардното празно јазиче како и за Chrome апликации.

На приказот на секое уметничко дело има објаснување во долниот лев дел на сликата, кој е воедно и линк кој ве води до страницата на Google Cultural Institute за тоа дело.

Ова е навистина интересна, корисна а воедно бесплатна екстензија за Google Chrome и ви препорачуваме да ја испробате.

Извор: Engadget, The Verge

Претходна статијаAmpware Crankware: Футрола за мобилен со рачно полнење на батеријата
Следна статијаГрупа истражувачи развија бесплатна верзија на „Siri“