Google за своите Android корисници претстави две нови апликации кои ќе им помогнат во комуникацијата на луѓето со потешкотии со слухот. Едната од двете апликации може да им се најде и на останатите луѓе, без разлика за кого е наменета.

Првата апликација е наречена Live Transcribe и како што укажува и самото име, истата во вистинско време врши препознавање на тоа што го кажува другата страна и го прикажува како текст.

На овој начин, луѓето кои не можат да го слушнат разговорот, а разговараат со некого кој не знае да комуницира со знаци, ќе можат веднаш и на едноставен начин да прочитаат што е тоа што им се кажува.

Од Google истакнуваат дека на оваа апликација има работено нивни вработен којшто се има родено без можноста за слух. Апликацијата може да препознае и „преведе“ околу 70 јазици.

Корисниците исто така можат да одговорат со пишување во апликацијата која потоа ќе го прочита напишаното.

Втората апликација, која може да им се погоди и на луѓето без проблеми со слухот, е наречена Sound Amplifier. Оваа апликација го засилува звукот којшто доаѓа од околината и го пушта на слушалките од мобилниот.

Покрај засилувањето на звукот, оваа апликација може да направи појачување на тивките звуци, без притоа да ги засили веќе гласните.

Ова е одлично за подобро слушање на разговорот во ситуации кога во околината има доста галама, па и човек без потешкотии со слухот може да има проблем да разбере што му се кажува.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаНови романтични филмови + шпанска серија за Денот на вљубените пристигнуваат на Pickbox
Следна статијаКако да останеш мотивиран: Goldilocks правило
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.