Во текот на годините Google претстави повеќе апликации наменети за разговори, односно “чет” апликации, па доста од нив функционираа и паралелно, па може слободно да се каже дека ситуацијата беше до некаде збунувачка.

Која од апликациите да се користи, која од компанијата ја сметаат за главна и ќе продолжат да ја развиваат ? Google оваа недела ги разјасни работите и тие од сега натаму ќе бидат многу поедноставни. Тие ќе имаат една апликација наменета за разговори, една за видео и аудио повици, како и бизнис верзијата од Hangouts која веќе нема да се користи за обичните корисници.

Главната новост е дека Google Allo, апликација за разговори на основа на вештачка интелигенција, која од компанијата ја претставија пред две години заедно со Google Dou, веќе нема да се развива и ќе биде откажана целосно.

Апликацијата ќе продолжи да функционира до март идната година, по што корисниците ќе мора да си најдат алтернатива, а разговорите ќе можат да ги зачуваат доколку сметаат дека им требаат.

Апликацијата која ќе се смета за главна од страна на Google, е Messages. Ова е апликацијата која досега се користеше за SMS пораки, преку која Google го воведува новиот RCS стандард за пораки. Овој стандард се смета за наредната генерација на SMS, односно ќе работи на сличен начин, меѓутоа ќе ги овозможи сите модерни функции како ознаки за прочитана порака, можност за групни разговори, испраќање на слики и видеа и слично.

Што се однесува до Google Duo, оваа апликација ќе остане и ќе продолжи да се развива. Истата е наменета за едноставни видео разговори, а за поврзување го користи телефонскиот број на корисникот, како и Google сметката.

Google Duo се разликува од другите апликации што е направена само за видео и аудио разговори, а тоа го прави на многу едноставен начин. Нема листи со пријатели, туку при самото вклучување, веднаш го гледате вашето видео и притискате да се јавите кај пријателите.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 855 направен во 7nm технологија, 5G можност и подобрувања во перформансите, вештачката интелигенција и фотографијата
Следна статијаФинансиската директорка на Huawei Менг Ванжу уапсена во Канада по барање на САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.