Целта на Google е позната на повеќето од нас. Таа е да сервисите и производите од компанијата станат достапни до што поголем број на корисници, а наредниот чекор во таа цел е достапноста на пазарите каде што се користат послаби модели од смартфони, како и каде што има послаби мобилни мрежи.

Апликациите со наставката Go се наменети токму за овие пазари и корисници. Истите се во основа полесна верзија од главните апликации, која зазема помалку простор на уредот и троши помалку ресурси како RAM меморија, интернет сообраќај и слично.

Gmail Go е најновата апликација по претставувањето на YouTube Go, Files и слични. Оваа верзија од апликацијата зазема доста помалку простор од главната Gmail, а и троши значително помалку интернет сообраќај.

Апликацијата генерално поради тоа работи доста побрзо, а што се однесува до опциите, за среќа повеќето од нив се достапни исто како во главната апликација, па на корисниците нема да им биде скратено ништо од корисничкото искуство.

Со оглед на тоа што апликацијата е наменета за земјите каде има лоша мрежа, како и доста голем број на корисници со поевтини мобилни, истата не е достапна за симнување во нашата земја, барем за сега.

Покрај Go апликациите, Google развива и полесна верзија од Android оперативниот систем, исто така наречена Android Go. Во комбинација со другите апликации, ова сигурно ќе придонесе за проширување на бројот на корисници на оперативниот систем и сервисите од компанијата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаMagic Leap во партнерство со NBA ќе донесе гледање на виртуелни натпревари
Следна статијаЛицемерието на НСА нема дно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.