Created with GIMP

Доколку вашата работа или хоби подразбираат користење на апликации како Adobe Photoshop, меѓутоа ете не сакате да користите пиратска верзија, не сакате да ја платите легалната верзија или едноставно сте корисник на некоја од многуте Linux дистрибуции, тогаш GIMP сигурно е име за кое имате слушнато.

GIMP, односно GNU Image Manipulation Program е една од најпознатите алтернативи на Photoshop, а посебно поради open source лиценцата и бесплатната достапност за сите корисници. Оваа апликација исто така е достапна на повеќето платформи, па покрај на Linux, достапна е и на Windows, како и на macOS.

Фактот што се работи за бесплатна алтернатива на Photoshop не е главната причина за популарноста на GIMP. Бесплатни едитори на слики се достапни повеќе, а ретко кој од нив е доволно добар да му конкурира на незаменливиот Photoshop.

GIMP е меѓу ретките програми кои се погодни да се користат од страна на професионалците, поради достапноста на голем број на алатки кои им се потребни.

После дури 6 години на развивање, GIMP конечно ја пушта својата 2.10 верзија за сите свои корисници. Иако бројката 2.10, не делува како огромна надградба од 2.8, сепак се работи за значителна надградба со поголем број на промени.

Главната промена која веднаш се забележува по вклучување на GIMP 2.10 е корисничкиот интерфејс. Истиот сега стандардно доаѓа со темна тема, како и нови икони кои се направени како симболи, наместо како до сега како „сликички“ кои се исто така во боја.

Што се однесува до корисничкиот интерфејс, ново е што при промена на тема, а може да биде вратена и старата од 2.8, не се менуваат заедно и иконите, односно на корисниците им е оставена можноста нив посебно да ги менуваат и комбинираат со темите.

Инаку, достапни се 4 теми, односно темна, сива, светла и од оперативниот систем. Големината на иконите исто така може да се менува, па GIMP сега многу подобро ќе изгледа на големите екрани со висока резолуција.

Главната промена во GIMP сепак лежи во неговата позадина. Оваа апликација сега целосно работи на основа на GEGL Image Processing Library. Оваа промена ќе им овозможи на корисници повеќе предности меѓу кои high bit dept, multi-threading, како и користење на графичкиот процесор за работа.

За читателите кои активно ја користат оваа апликација и би сакале да ги видат сите новини детално објаснети, тоа може да го направите на официјалната страна на GIMP преку овој линк.

ИЗВОРGIMP
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статија„Your Phone“ за Windows 10 ќе овозможи поврзување на мобилните уреди со десктоп компјутерите
Следна статијаYouTube канали што треба да ги следите (КОМЕДИЈА)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.