GeForce
Фото: PC Mag

GeForce Now е еден од најгенијалните изуми, ако ги прашате страсните gameri-и. По принципот на cloud, вашиот застарен компјутер ќе може да покрене и некои од најсофистицираните игри. Апликацијата ги stream-ува игрите на вашиот екран, речиси без да го користи вашиот хардвер. Така, дури и со слаба машина ќе можете да уживате во играње на игри кои бараат неверојатни графички и друг вид перформанси.

GeForce Now до неодамна беше достапна само за корисниците на Nvidia Shield TV, како и бесплатна пробна верзија за корисниците на Mac. Но, како што е општо познато, најголемата gaming заедница се наоѓа на Windows платформите. Во таа насока, Nvidia реши да се пресели и на PC.

Секако, постојат минималните спецификации кои машината треба да ги исполнува за да може да користи GeForce Now. Потребен е i3 процесор, 4GB RAM меморија и графичка картичка која поддржува DirectX 9 софтвер. Дополнително, за оптимални перформанси потребен ви е и квалитетен интернет. Препорачаната брзина е минимум од 25 Mbps.

Како што може да се забележи, поважен е квалитетот и стабилноста на конекцијата, одошто хардверот на вашиот компјутер. Ова генијално решение ќе им овозможи на страствените љубители на играњето да уживаат во игрите со максимална резолуција и квалитет.Сето тоа ќе им биде овозможено на нивните просечни или слаби машини. Особено бонус е и тоа што нема потреба од меморија за чување на игрите. По принципот на cloud игрите автоматски се зачувуваат на серверот.

Извори: PCMag, The Verge

Претходна статијаPhilips Hue ќе ја пренесе атмосферата од филмот кој го гледате во вашиот дом
Следна статијаИзбор на нови научно-фантастични и хорор серии во видеотеката на Pickbox