flipboard-1

Најавена дека ќе биде достапна за најновата верзија на Windows, Flipboard, конечно е достапна за корисниците на Windows 8.1, а наскоро и за корисниците на Windows Phone 8.  Flipboard e популарна апликација која во интересен интерфејс кој наликува на магазин ви овозможува да направите сопствена листа на вести која е прикажана во уникатен формат и истата се листа лево и десно, како обично списание. Апликацијата кога првпат беше најавена беше ексклузивно достапна само за iOS, по после долго време на чекање стана достапна и на Android.

Flipboard за Window 8.1 ќе го има истото корисничко искуство како верзиите на другите 2 платформи, со одредени додатни функции карактеристични за оваа платформа, како можноста за закачување (pin) на избрани секции или магазини на Home екранот, како и закачување на главната апликација. Плочките (tiles) се ажурираат во вистинско време, односно се живи (live tiles), па секогаш ќе можете да видите пример од вестите што се достапни, без притоа да мора да ја отворите апликацијата. Исто така искористени се гестовите карактеристични за Windows 8, па имате можност да пристапите до одредени прилагодувања со повлекување од долниот или горниот дел на екранот или доколку користите маус, со кликање на десното копче.

Flipboard е достапна во продавницата за апликации (Store), а може да ја симнете и од следниот линк:

windows-store

Претходна статијаKaveri достапен од 14-ти Јануари
Следна статијаЗапочна продажбата на Sony PlayStation 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.