novfoto

Популарниот читач за вести и магазини Flipboard конечно се појави и на мобилниот оперативен систем на Microsoft. Растечката корисничка база на Windows Phone 8.1 сега ќе може да ужива во сите омилени медиуми на едно место. Иако има доста интересни алтернативни апликации за читање на содржина на WP 8.1, сепак популарноста на Flipboard и неговите опции и привлечните анимации ја прават доста барана апликација која уште лани беше претставена за овој оперативен систем.

За жал се уште нема потврда за поддршка зa Windows Phhone уреди што работат на 512 MB RAM, a од Flipboard изјавија дека таква верзија е во изработка во соработка со Microsoft.

Навикнати сме да го гледаме бавниот развој на Flipboard од еден оперативен систем на друг. Таков беше случајот и кога прв пат се појави за iOS кон средината на 2010 година за што потоа беа потребни речиси две години за да се појави на Google Play Store. Како своевиден пандан на популарната на Flipboard е Blinkfeed ексклузивно достапна на HTC One (M8) сo Windows Phone 8.1, а тука се секако и Newsly и Phonly.

flipboard-windows-phone

Сепак, кога ќе почнете да ја користите апликацијата ќе забележите дека правилото на повеќето нови апликации на оваа платформа останува и во овој случај. Flipboard за WP 8.1 не ги вклучува повеќето функции достапни на другите платформи и не ја вклучува главната одлика на оваа апликација, flip анимацијата при менување на страни. Како и да е, важното во овој случај е што апликацијата е достапна, па се очекува со тек на време истата да биде подобрена.

Од Flipboard и Microsoft најавија дека апликацијата исто така ќе биде преинсталирана на новите уреди Lumia 830. Она што сакаат Microsoft да направат во изминатиот период е да го зајакнат сопствениот екосистем со висококвалитетни апликации што привлекуваат голем број на корисници.

Доколку во наредниот период успеат да привлечат што е можно повеќе етаблирани развивачи чии што апликации се симнати во милиони примероци на Android и iOS, наредната верзија на Windows која треба да се појави следната година ќе биде далеку покомпетитивна со другите за разлика од Windows Phone 8.

Flipboard е достапна за корисниците на Windows Phone 8.1 и можете да ја симнете преку продавницата за апликации или следниот линк.

flipboard-wp-qr

Извор: WPCentral

Претходна статијаХакот на огромниот сигурносен пропуст на USB достапен за сите
Следна статијаFacebook претстави мобилно лајк копче за програмерите на iOS и Android