Mozilla го додаде името Quantum до Firefox почнувајќи од верзијата 57 при крајот на 2017, а тоа ја означуваше дотогаш најголемата промена која овој прелистувач ја има добиено од самиот почеток.

По претставувањето на оваа верзија, односно по претставувањето на Firefox Quantum, а посебно по неколкуте понатамошни надградби, Firefox повторно стана достојна конкуренција на Chrome по својата брзина на функционирање. Доколку се тргне на страна можноста на Chrome да ги претходно отвора страните врз основа на предвидување што е тоа што ќе го отвори корисникот, Firefox може да се каже и дека е побрз за одредени работи.

Сепак, името Quantum не беше планирано да остане цело време, односно тоа беше тука доволно долго за да се издвои Firefox и да се истакне дека се работи за нов прелистувач, односно за нова технологија.

Како што можеше да се види при претставувањето на новото лого на Firefox, поточно новите логоа за сега неколкуте достапни сервиси и апликации под овој бренд, Firefox ќе продолжи да биде нарекуван едноставно Firefox Browser.

Тоа може да се види од моментално тест верзијата од прелистувачот која ќе стане достапна во октомври оваа година. Покрај новата додавка по Firefox, овој прелистувач ќе почне и да го користи своето ново лого со што ќе се унифицира со останатите производи од брендот.

Со ова под брендот на Firefox сега ќе ги има сервисите и апликации Firefox Browser, Firefox Send, Firefox Monitor и Firefox Lockwise.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.