Како дел од Firefox Test Pilot програмата корисниците добиваат можност да пробаат одредени нови функции во прелистувачот пред истите да бидат пуштени за сите. Треба да се направи разлика помеѓу бета верзијата на прелистувачот, како и таа за програмерите, каде се тестираат веќе вградени функции, спремни за пуштање во наредната верзија која доаѓа на ред.

Test Pilot овозможува тестирање на одредени функции кои го надополнуваат прелистувачот и во било кое време може да бидат додадени како дел од официјалните верзии.

Двата најнови членови на Test Pilot програмата се Firefox Color и Side View.

Firefox Color овозможува промена на боите на главните делови од корисничкиот интерфејс на прелистувачот. Корисниците може да изберат како сакаат да изгледа нивниот прелистувач, а нивната креација можат да ја зачуваат и да ја споделат со пријателите.

За тие кои не се чувствуваат доволно креативно и мотивирано да го прилагодуваат секој дел од интерфејсот, достапни се веќе направени комбинации кои може да ги искористат.

Со Firefox Color прелистувачот добива поинтересен изглед од обичната боја која е наменета да не биде премногу упадлива.

Side View овозможува било која веб страна да биде отворена преку страничната лента на Firefox, односно преку Sidebar-от. Досега во Sidebar можеа да се отворат работи како омилените страни или историјата на сурфање.

Со отворање на некоја страна како странична лента се овозможува паралелно сурфање на две страни, што е корисно за одредени ситуации. На пример, при истражување на некоја тема за факултет, може во исто време да се чита одреден текст, додека е отворена страна со речник за објаснување на одредени термини.

Користењето на Side View овозможува полесна работа со две страни, без потреба од притискање на табовите или прозорите за промена помеѓу овие две страни.

Доколку сакате да ги пробате овие две нови можности на Firefox, треба да се приклучите на Firefox Test Pilot програмата на овој линк каде што се достапни овие две, но и постари можности.

Претходна статијаFacebook Memories го менува On This Day со неколку нови можности
Следна статијаВалентина Тасева: Искуството од една од најуспешните компании во светот ќе го пренесам во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.