Во борбата за повеќе корисници, Mozilla продолжува во својот познат стил, како организација која се грижи за состојбата на „вебот“ и неговите корисници. Firefox прелистувачот отсекогаш важел како поприватен, за разлика од Google Chrome, на пример, меѓутоа повеќето „закани“ доаѓаат од самите веб страни кои корисниците секојдневно ги отвораат.

Firefox веќе овозможува блокирање на таканаречените „тракери“ кои го следат сурфањето на корисниците, но тоа стандардно е вклучено само при сурфање во Private режим.

Како што истакнуваат и од Mozilla, сигурно сите имате забележано како функционира ова следење, кое најлесно може да се види преку прикажувањето на рекламите. Меѓутоа, не се следи само посетата на одредена веб страна, односно отворањето на одреден производ.

Следењето се прави преку прибирање на многу повеќе информации за корисниците, а често тие можат да бидат и поврзани директно со корисниците, односно не се анонимни.

Mozilla планира во наредните верзии од Firefox да започне со блокирање на „тракерите“ како стандардна функција на прелистувачот, без разлика дали корисникот сурфа во нормален или приватен режим.

Ова ќе биде за почеток тестирано во Nightly верзијата од Firefox, по што постепено би било вклучувано во другите верзии, доколку се покаже како корисно и без проблеми.

Првата работа со која Mozilla ќе го започне тестирањето е со тракерите кои го забавуваат сурфањето, односно отворањето на страните. Потоа ќе започне со блокирање на тракерите кои го следат сурфањето на корисниците на разни страни, како и тракерите кои го следат типот на уредот на корисникот, на пример.

Доколку се помине како што треба, оваа нова функција би требало да биде достапна за сите во месеците што следат.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSkype ги тргна непотребните и слабо користени нови функции
Следна статијаMotorola го претстави својот нов Android One смартфон, Motorola One
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.