Firefox е вториот најпопуларен интернет прелистувач на пазарот кој сепак е на далечното второ место зад Chrome и Chromium прелистувачите. Со претставувањето на Firefox Quantum од Mozilla покажаа дека не се откажуваат и продолжуваат со активно развивање на нивниот прелистувач кој сега може да се мери во брзина со Chrome, барем на десктоп.

Еден од начините да се остане релевантен на пазарот е да се има верзија од прелистувачот која ќе може да работи на ARM процесорите, поточно на мобилните процесори од Qualcomm, на кои се повеќе Windows 10 компјутери ќе почнат да работат.

Mozilla во својата најнова бета вклучи поддршка и за ARM процесорите, поточно 64 битните, но од нив и нема други. Корисниците кои имаат ваков уред сега ќе имаат уште еден прелистувач, покрај Microsoft Edge, како избор, а тоа е секогаш добредојдено.

Microsoft веќе работи со Google за пренесување на Chrome на ARM верзиите од Windows 10, а со префрлувањето на Edge на основа на Chromium, тоа сега е сигурно дека ќе се случи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.