Со популарноста на темните теми кај корисничкиот интерфејс на апликациите и оперативните системи, не останаа надвор од тој тренд и веб страните. Иако уште ги нема многу, голем дел од веб страните почнаа да нудат и темна тема, која може да се вклучи од страна на корисникот.

Firefox, прелистувачот којшто се повеќе добива нови функции, големи и мали, во верзијата 72 ќе добие мала, но значајна новина.

Лентата на десната страна од прелистувачот, на која се гледа на која позиција вертикално се наоѓаме на страната или едноставно „scrollbar“, ќе почне да ја менува својата боја, за разлика од сегашната една и фиксна сива боја.

Оваа боја можеби не се забележува кога се сурфа со светлата тема од прелистувачот и кога веб страната која се отвара исто така има светли нијанси. Меѓутоа, доколку ситуацијата е обратна, светлата сива боја почнува да се истакнува, па и да пречи.

gHacks

Firefox 72 ќе почне автоматски да се прилагодува на бојата на позадината на веб страната која е отворена во моментот, со што многу подобро ќе се вклопи, а сепак, лентата е точно до позадината на страната, па е тешко да не се забележи.

Тоа значи дека доколку се отвори страна со црна позадина, лентата исто така ќе стане црна, со што веќе нема да се истакнува и да го привлекува вниманието.

Промената на бојата сепак нема да може да функционира со сите веб страни, а тоа ќе зависи од кодот на истата, односно начинот на којшто е поставена позадината, но сепак би требало да функционира кај повеќето.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаApple наводно ќе влезе на пазарот за проширена реалност со свои уреди дури од 2022 година
Следна статијаПланетата Меркур вчера помина „преку сонцето“ овозможувајќи интересна глетка од Земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.