Mozilla отсекогаш била организација која својот углед го развива во правец на подобра приватност за корисниците на нивниот Firefox интернет прелистувач. До одреден степен може да се каже дека тоа е точно, барем што се однесува од страната на прелистувачот, па останува уште само начинот на којшто се „однесува“ тој спрема веб страните.

Firefox веќе одреден период нуди заштита од таканаречените „тракери“ на страните кога ќе го вклучите прелистувачот во „таен режим“ на работа. Оваа заштита потоа беше пренесена и во сурфаањето и во стандарден режим, меѓутоа корисниците треба да знаат да го вклучат во прилагодувањата.

Во најновата верзија од Firefox, 65, која е достапна од оваа недела, делот каде што се избира нивото на заштита од „тракерите“ е редизајниран и овозможува подетален избор на тоа што корисникот сака да го вклучи.

Три нивоа на заштита се достапни, односно стандарден кој заштитата ја прави само во тајниот режим, потоа строго ниво кое ги блокира сите тракери и колачиња. Третото ниво според мене е најдобро, односно тоа ниво овозможува корисникот да секое од можните блокирања ги прилагоди самиот посебно.

Од Mozilla истакнуваат дека доколку се избере да се блокираат сите тракери и колачиња, некои бев страни може да не функционираат како што треба.

Новата верзија од Firefox е достапна за сите платформи, па можете да ја надградите доколку тоа веќе автоматски се нема направено.

ИЗВОРMozilla
Претходна статијаCERN планира четири пати поголем судирач на честички од LHC кој би бил изграден до 2040
Следна статијаБез изговори! Да ги заштитиме децата од повреди или загуби во сообраќајот!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.