Windows Central

File Explorer е вградената апликација од Microsoft преку која повеќето од нас ги разгледуваме и работиме со датотеките на нашиот компјутер. Таа го има својот стандарден изглед повеќе верзии од Windows, па кога има информации за новости поврзани со истата, вреди да се прочитаат.

Иако не се работи за додавање на некоја нова функција која би се покажала како навистина корисна, оваа информација е исто така интересна. File Explorer ќе добие поддршка за темната тема на Windows 10, што значи дека и оваа апликација ќе може да се избере да биде со темна позадина и делови на корисничкиот интерфејс, за разлика од сегашната светла, односно бела боја.

Доколку досега не сте знаеле или ја немате пробано темната тема на Windows 10, би препорачал да ја пробате. Повеќето модерни апликации од Microsoft, како и апликацијата за прилагодувања и слично, се прикажуваат во темна боја, наместо во белата или светла нијанса од сива, како што стандардно доаѓа Windows. Се работи за вкус, меѓутоа доколку на другите оперативни системи ви се допаѓа нешто слично, дефинитивно треба да го пробате и на Windows.

Темната тема се вклучува со отворање на Settings апликацијата, па притискање на „Personalization“. Потоа во изборот на левата лента се притиска на „Colors“, па најдолу на „Choose your default app mode“, се избира „Dark“.

Инаку, за жал, поддршката за темната тема на File Explorer нема да стане достапна во надградбата на Windows 10 која треба да биде пуштена овој или почетокот на идниот месец. Најверојатно истата ќе биде спремна за оваа есен, кога ќе биде пуштена и можноста за табови на одредени апликации, меѓу кои најважната е File Explorer.

ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаLG не може да постигне со производство на OLED екрани за Apple
Следна статијаChrome Canary го „крие“ новиот дизајн кој Google го спрема за прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.