Лицата на политичари, јавни личности, поранешни партнери, деца, надредени и останати можете да ги искористите за да ги залепите на телата на порно ѕвезди. Сето тоа е возможно со помош на Fake App. Тоа е софтвер кој обработува слики и учи од нив со помош на вештачка интелигенција.

Како резултат на тоа, видеата кои се креираат изгледаат навистина убедливо. Тие ефективно им овозможуваат  на креаторите  да ги ставаат луѓето (од богати и славни, поранешни партнери..) во високо компромитирачки и веродостојни позиции во креираните видео снимки. Иако засега софтверот не се користи за лоши цели, има големи шанси работите да тргнат во погрешна насока. Потенцијалот за уцени, непријатности и малтретирање е огромен.

Процесот на креирање на овие видеа засега за среќа е тривијален, но во секој случај возможен. Потребен ви е софтвер, односно десктоп апликација која се вика Fake App. Покрај апликацијата, потребни ви се и еден куп слики од вашата жртва кои ќе ги искористите за да ја тренирате длабоката невронска мрежа на Fake App. Малку Фотошоп, малку видео едитирање тука и таму и за половина час ќе имате видео спремно за дискриминирање. Резултатите се неверојатни.

На познатиот светски форум Редит дури постои и посебна тема за ова /r/deepfakes. Секако, мора да имате плус 18 за да ја следите. Тука учесниците можат да го дискутираат развојот на оваа технологија, како и да разменуваат трикови и знаење потребни за креирање на одлично лажно видео. Она што е навистина неверојатно и дури загрижувачки е тоа што таа постои само два месеци и веќе има преку 17.000 следбеници. Веќе има корисници кои имаат креирано порничи каде лажно се појавуваат Тејлор Свифт, Скарлет Јохансон и слични.

Во секој случај, едно е сигурно – навистина треба да бидете перверзни за да собирате десетици слики од некого само за да му направите лажно порно видео. Останува да видиме како ќе се развиваат работите во иднина, но она што е евидентно е дека технологиите се развиваат брзо и мора да се постават граници.

Внимавајте каде и во која мера постирате слики. Тоа е најмногу што можете да направите засега.

Претходна статија„Страва“ ги стресе светските безбедносни служби
Следна статијаWindows Defender ќе ги брише апликациите кои ги принудуваат корисниците да ја купат платената верзија од апликацијата