Facebook е во фаза на пуштање на нова функционалност на нивната мобилна апликација достапна за двете најголеми платформи Android и iOS. Истата треба да им стане достапна на корисниците во неделите што следат и е поврзана со лентата за навигација на горниот дел од апликацијата, односно долниот на iOS.

Моментално иконите коишто се прикажани на оваа лента се исти за сите корисници. Тука е иконата за листата со новости, за известувањата, поканите за пријателство и менито со останатите прилагодувања и сервиси.

Промената ќе донесе персонализирана лента за секој корисник посебно, односно освен досега достапните икони, ќе се прикажуваат и иконите од тоа што корисникот најчесто го користи на мрежата, а досега морал да го отвори менито за пристап до нив.

Тоа значи дека на лентата ќе бидат достапни и иконите за профилот на корисникот, групи и слични други работи коишто корисникот најчесто ги користи.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПроѕирниот Xiaomi Mi 8 Explorer Edition сепак има „украсна“ матична плоча на задниот дел
Следна статијаMozilla го претстави Thunderbird 60 со ново лого, нов дизајн и повеќе нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.