Thought Catalog / Unsplash

Како што сигурно многу од вас имате забележано, Facebook апликацијата на вашиот уред не може да биде избришана, односно истата може да биде само деактивирана. Ова иако не е случајот со сите уреди, сепак е случајот кај голем број од нив.

Според информациите, Facebook има направено договор со повеќе производители на телефони, оператори, како и развивачи на оперативни системи, да тие во своите производи ја вклучат “фабрички” нивната апликација.

Ова не е ретка практика, а многу често е критикувана и за други апликации, но сепак, Facebook е предмет на толку критики изминатите година дена, што вакво нешто не може да им помине незабележано.

За разлика од многу апликации кои само се вклучуваат со нов производ, Facebook апликацијата не може да биде избришана. Таа може само да биде деактивирана, што значи дека нема да функционира и нема да добива надградби.

Со оглед на тоа што се работи за Facebook, веднаш се поставува прашањето за приватноста. Дали апликацијата може да ги собира информациите кои обично ги собира и кога е деактивирана.

Според Facebook апликацијата не го прави тоа кога е деактивирана, односно во тој случај таа е исто како да е избришана, меѓутоа кој веќе и верува на оваа компанија.