messenger-video-call-carousel

Facebook продолжува да ја проширува функционалноста на нивната популарна Messenger апликација. Оваа апликација може да се каже дека успешно конкурира со Viber, WhatsApp и сличните апликации.

Денеска Messenger добива уште една нова функција кој што дефинитивно ќе ја направи многу посериозен конкурент на останатите апликации, а во овој случај и на Skype. Facebook Messenger добива можност за правење на видео повици со корисниците со кои што разговарате.

Како што би очекувале, започнувањето на видео повик е едноставна активност. Се што треба е да притиснете на иконата во горниот десен агол додека сте во делот за разговор со некој од вашите контакти, по што повикот ќе започне.

messenger-video-call1

Повиците можат да се прават само преку мобилната апликација, па сега за сега веб верзијата не е поддржана. Исто така, повиците можат да се прават без разлика на која платформа се наоѓа другата страна, односно тие функционираат помеѓу Android и iOS.

На почеток видео повиците ќе бидат достапни во ограничен број на земји, по што е најавено проширување на листата во наредните месеци. Моменталната листа на достапни земји, во кои што не е Македонија, е следната: Белгија, Канада, Хрватска, Данска, Франција, Грција, Ирска, Лаос, Литванија, Мексико, Нигерија, Норвешка, Оман, Полска, Португалија, Велика Британија, САД и Уругвај.

Извор: Facebook

Претходна статијаСлучајно откриени јајца од диносауруси во Кина
Следна статијаPanasonic MX4 е ултра цврст таблет/лаптоп за професионалците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.