messenger-video-call1

При крајот на минатиот месец Facebook воведе можност за правење на видео повици преку нивната популарна Messenger апликација. Функцијата говори сама за себе, односно се што треба да направите е да ја притиснете иконата за видео повик во разговорот и истиот ќе започне.

Поради која и да е причина, при претставувањето на оваа функција таа стана достапна само за 18 земји во светот, меѓу кои не беше и нашата. Почнувајќи од оваа недела, видео повиците се достапни за остатокот од светот, па доколку тоа е нешто што би сакале да го користите, сега можете и во нашата земја.

Неколку земји и овој пат се исклучени од добивањето на функцијата, поради како што истакнуваат од Facebook, работење на подобрување на квалитетот.

За да можете да правите видео повици, односно за да ја добиете функцијата, потребно е да ја надградите апликацијата на нејзината најнова верзија. Како и обично, доколку не е достапна надградбата веднаш, истата ќе биде достапна во деновите што следат.

Нова функција е достапна за двете најпопуларни платформи, односно за Android и iOS, а нема најави за истата на Windows Phone каде што не се достапни ни аудио повиците.

Извор: Facebook, The Verge

Претходна статијаMicrosoft развива нова email апликација наменета за брза комуникација
Следна статијаReuters: Apple и Android програмерите без интерес за префрлување на нивните апликации на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.