facebook-messenger-f

Добро е да се види барем една од познатите апликации достапни на оваа платформа редовно да добива надградби. Од денеска достапна е Facebook Messenger 9.0 за корисниците на Windows Phone 8 и истата вклучува неколку новини кои што ја приближуваат до другите платформи. Од ова можете да заклучите дека сепак апликацијата не е целосно иста со таа на Android или iOS, меѓутоа е една од најдобро направените кога се работи за споредба.

Новата верзија од Messenger ги вклучува следните новини:

  • Подобрувања кои што ја прават апликацијата побрза
  • Можност за испраќање на пораки на луѓе кои што не ви се пријатели на Facebook
  • Внесете го бројот на било кој контакт и почнете да испраќате пораки преку апликацијата
  • Можност за цртање и додавање на текст на сликите од Camera Roll пред нивно праќање

wp_ss_20141114_0004

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и истата можете да ја надградите или инсталирате преку следниот линк.

Facebook Messenger за Windows Phone

Претходна статијаТехнологијата е водечка сила во иднината на образованието
Следна статијаAndroid 5.0 наскоро достапен за Nexus 4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.