13411878_10157146458610195_3070643959194655021_o

Не знаеме уште колку корисници се’ уште го користат овој стар систем на комуникација, но сигурни сме дека ги има доволно. Да не беше така, Facebook немаше да ја воведе поддршката за којашто денес пишуваме.

Поточно, Facebook Messenger од оваа недела добива поддршка за примање и испраќање на SMS пораки, со што корисниците ќе можат целата своја комуникација да ја прават преку една апликација или барем преку една помалку.

Поддршката за SMS пораки е овозможена, како што истакнуваат од Facebook, за повеќето земји, вклучувајќи ја и нашата.

Инаку, оваа поддршка овозможува да целата SMS комуникација биде префрлена на Messenger од главната Android апликација. Ова не е ништо ново со оглед на тоа што постојат и други апликации кои се наменети специјално за SMS комуникација.

Facebook Messenger веќе имаше поддршка за SMS која беше тргната поради малиот број на корисници пред 2 години. Зошто сега повторно се враќа не е до крај познато, меѓутоа сигурно една од главните причини е обидот за дополнително зголемување на корисниците на Messenger.

Една од поинтересните можности кои се добиваат со користењето на Messenger за SMS пораки е можноста за користење на chat heads и за овој вид на пораки. Доколку сте корисник на chat heads и ги сметате за навистина корисни, сега и SMS известувањата ќе можете да ги добивате на овој начин.

13442692_10157146458430195_461996151709995396_o

Инаку, SMS пораките ќе ги имаат стандардните можности како и во другите апликации, плус можноста за испраќање на стикери, emoji икони и локација.

SMS пораките иако прикажани во истата листа со другите Messenger пораки, ќе бидат посебни, односно нема да бидат споени дури и кога комуницирате со истиот контакт. Тие исто така ќе бидат означени со посебна икона и боја.

За зачувување на приватноста, од Facebook истакнуваат дека SMS пораките нема да бидат испраќани до нивните сервери, односно се што е потребно ќе се одвива на самиот уред.

Вклучувањето на поддршката за SMS се прави преку делот за прилагодувања, а на почеток опцијата ќе биде и автоматски понудена.

Извор: Facebook (1), (2), The Verge, TechCrunch, TNW

Претходна статијаProject Scorpio е нов, графички супер моќен Xbox кој ќе пристигне наредната година
Следна статијаСо новиот контролер на Sony за виртуелни игри ќе се чувствувате како да пукате со вистинско оружје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.