Со оглед на тоа што Facebook е сопственик на Instagram, а оваа друштвена мрежа станува се повеќе користена од страна на корисниците на Facebook и другите мрежи, очекувано е дека од компанијата ќе сакаат да направат одредени поврзувања помеѓу двете мрежи.

Stories од две мрежи веќе одреден период се поврзани, односно приказните од Instagram може да се објават и на Facebook, а оваа можност беше додадена поради слабата популарност на функцијата на Facebook, за разлика на огромната популарност на Instagram.

Сега Facebook воведе можност корисниците да ги синхронизираат своите Instagram контакти во Messenger и со тоа да ја користат оваа апликација за комуникација со нив. Синхронизирањето се прави преку поврзување на двете сметки во Messenger, а се истакнува и дека на Messenger корисниците ќе им стане достапно Instagram името на корисникот.

Оваа опција е замислено да функционира слично на синхронизирањето на контактите од телефонот. Ваквата можност стана достапна кога Facebook направи да Messenger може да се користи и без Facebook сметка, односно оваа апликација ја направи доволно независна од главната друштвена мрежа.

Корисниците можат да го користат Messenger како нивна главна апликација за комуникација, а тоа можат да го прават со сите корисници кои ја имаат инсталирано оваа апликација, без разлика дали се најавени со својата Facebook сметка или телефонски број.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаSamsung ќе продолжи да го користи својот Tizen OS во новата генерација на паметни часовници под Galaxy брендот
Следна статијаВо сенатот на САД се спрема закон кој ќе овозможи итни известувања да се добиваат и преку стриминг сервисите како Netflix
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.