После неофицијалната најава од порталите, Microsoft официјално потврди дека се приклучува кон Chromium проектот и ќе продолжи да го развива Edge на основа на овој отворен код. 

Тоа значи дека Microsoft Edge ќе добие нова верзија, направена конкретно за десктоп, наместо како до сега „модерна“. Оваа верзија иако ќе продолжи да изгледа како Edge, ќе се однесува повеќе како Google Chrome на десктоп, па сигурно тие што ќе му дадат шанса конечно на Edge, нема да „избегаат“ одма како до сега. 

Сепак, сето ова мислам дека ќе биде за џабе доколку Edge не добие поддршка за додатоците од Chrome. Иако прелистувачот ќе биде постабилен, брз и компатибилен со веб страните, сепак без додатоците, повторно ќе биде прашање неговата успешност. 

За среќа, Кајл Алден од Microsoft, одговарајќи на прашања на Reddit, истакна дека тие планираат да овозможат поддршка за Chrome додатоците во новиот Edge. 

Ова може да значи дека Microsoft потенцијално може да направи и подобар прелистувач од Chrome, поради изгледот и додатните функции карактеристични за Edge, сега засилен со „позадината“ на Chrome. 

ИЗВОРThurrott
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung го претстави првиот смартфон со Infinity-O екранот
Следна статијаInSight ги испрати првите „звуци“ од марсовскиот ветер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.