duolingo
Media: Duolingo

Популарната апликација Duolingo наменета за учење јазици се обиде да го дознае најдоброто време во денот за оваа активност. Користејќи „океан“ од податоци овозможени од своите корисници, апликацијата изнесе интересни резултати на оваа тема.

Резултатите покажуваат колку всушност сонот позитивно делува на меморирањето на нови информации кај човекот. Особено доколку се работи за т.н. дремки помеѓу часовите.

Истражувањетокое доведе до овој податок се базира на 40 испитаници. Поделени во две групи, првата половина часовите ги следела наутро, а повторувала попладне. Втората група пак, часовите ги следела попладне, а повторувањето го спроведувала дури наредниот ден.

Резултатитенедвосмислено покажале поголем степен на задржување долгорочна меморија кај групата која имала време да се наспие помеѓу часовите и повторувањето.

Ова истражување кое датира од 2016-та година беше практично потврдено преку истражувањето кое го спроведе Duolingo. Апликацијата идентификувала 14 групи на корисници, рангирајќи ги според времето во кое најчесто ја користат. Со помош на тестирање било утврдено знаењето на корисниците, кое во комбинација со претходно споменатиот параметар ги дава резултатите.

Оние кои учеле непосредно пред да спијат покажале подобри резултати од 52,9% од просекот. Од друга страна, оние кои учеле нерутински, односно без точно утврдено време и траење покажале значително лоши резултати. Студијата покажува и дека учењето само во работни денови, со исклучок на викендите не носи посакувани резултати. Генералниот заклучок на студијата е практично потврда за позитивното влијание на сонот врз меморијата на човекот. И секако, континуитетот како основен модел за градење нови вештини.

ИЗВОРThe Next Web
ИЗВОР 2Quartz
Претходна статијаЗошто Galaxy S9 е поиздржлив на физички удари од својот претходник?
Следна статијаSEAT ја претстави целосно електричната Cupra конструирана за трки