По одлуката на Microsoft да почне да го развива Edge на основа на Chromium, овој отворен код доби уште една страна која ќе придонесува во неговиот развој. Со оглед на тоа што се работи за Microsoft, најмногу се даде значење на придобивките кои ќе ги добие и Google Chrome на Windows.

Додека ги чекаме поголемите новини кои ќе бидат донесени на Chrome поради новата соработка, ја имаме и првата која можеби не е нешто голема и посебна, но сепак покажува дека поради Edge, придобивки ќе почне да има и самиот Google Chrome.

Лентата за звук која се појавува во Windows 10 на горната лева страна од екранот, кога се зголемува или намалува звукот, сега ќе прикажува информации од YouTube видеото кога се гледа во тој момент.

Информациите ќе го вклучуваат името на видеото, каналот до којшто доаѓа, како и мала насловна слика од самото видео.

Ова новина е достапна во тест верзиите од Microsoft Edge и Google Chrome, но покажува дека при пуштањето на финалните верзии, истата ќе биде достапна за сите корисници.

Програмер од тимот на Microsoft Edge на Reddit истакна дека тие имаат работено заедно со програмери од Google со цел имплементирање на функцијата во Chromium кодот, односно да не биде достапна само за Edge.

Card
ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2MSPowersUser
Претходна статијаБиткоин & социјалната нееднаквост
Следна статијаШто читам во моментов
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.