cortana-for-android-techweez-2

Microsoft ги потврди дотогаш неофицијалните информации дека планира да ја донесе Cortana и на други платформи во мај оваа година. Согласно стратегијата на компанијата во изминатата година, повеќето софтверски решенија се прават достапни и на другите платформа, а не само на Windows, па со тоа Microsoft го покрива малиот пазарен удел кој што го има кај мобилните уреди.

Од мај не беа дадени повеќе информации за развојот на персоналниот асистент, а неколку рокови за бета верзија беа надминати. Сепак, од компанијата работат на развојот на Cortana, а тоа можеше да се види оваа недела преку „протечената“ верзија на интернет од Android верзијата.

Од Microsoft потврдија дека Cortana е во фаза на тестирање и дека оваа верзија не требало да биде пуштена на интернет. Како и да е, официјална бета верзија може да се очекува во наредните неколку недели.

cortana-android-screens-0

Инаку, Cortana на Android изгледа исто како на Windows 10, што е и очекувано. Доколку корисникот се најави со својата Microsoft сметка, Cortana ќе ги прикажува веќе прилагодените информации на Windows.

Покрај прилагодувањата, ист е и корисничкиот интерфејс кој што се користи во Windows 10, кој вклучува темна тема со бела позадина зад содржината која што се прикажува.

Cortana на Android може да ги врши сите функции кои што се достапни на Windows, односно корисниците покрај тоа што може да поставуваат одредени прашања и да пребаруваат, можат да поставуваат аларми, состаноци во календарот и слични активности.

Извор: The Verge, Windows Central, Techweez

Претходна статијаMarshall London – Android телефон специјализиран за квалитетно слушање музика
Следна статијаSamsung го претстави новиот Galaxy Tab S2 таблет компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.