Претпоставуваме дека до сега сите имате слушнато за македонската апликација Claxi, којашто им овозможува на корисниците едноставно повикување на такси, без потреба од јавување и чекање.
Една од главните предности со користењето на оваа апликација е што повикувањето на такси не мора да е од една компанија. Сите таксисти коишто се во близина и се спремни да го прифатат патникот ја испраќаат својата понуда, па корисниците можат да направат поголем избор.
Оваа апликација ја доби и својата втора верзија која само продолжува со подобрување на корисничкото искуство, преку нов и освежен дизајн и нови функции за корисниците.
Што е ново во Claxi 2.0:
- Известувања за искористени кодови за препорака, истекување на промо кодови, пуштени барања, реализирани возења – за последните 30 дена
- Нови јазици – словенски, српски, холандски
- Профил за секој Claxi корисник со слика од Facebook доколку е поврзана апликацијата
- Нов дизајн
- Исправка на багови и подобрување на перформансите
Новата верзија веќе можете да ја инсталирате преку Play Store или преку следниот линк.