Маркетинг специјалистите или барем оние најагресивните воведоа пракса на рекламирање на начин на кој е невозможно истиот да се игнорира, односно преку емитување на звук. На сите барем еднаш ни се има случено да ни го наруши мирот иритирачки звук кој доаѓа од некој таб кој можеби и случајно сме го отвориле.

Меѓутоа, пребарувачот Chrome работи на неутрализирање на звуците емитувани од т.н. „бучни“ сајтови. Според официјалните информации, се работи за воведување опција за популарно нареченото mute/unmute која би била на располагање уште пред вчитување на сајтот, односно од лентата во која се понудени информации за дадениот веб-сајт.

До пристапот до оваа лента со информации и подесувања се доаѓа преку кликање на најлевиот дел од полето каде се внесува адресата. На истото место се наоѓаат и информации во врска со Flash, известувања, автоматско симнување на податоци и сл.

Како што е познато, опцијата за „замолкнување“ на одреден таб е веќе достапна во пребарувачот Chrome, меѓутоа командата има само моментално дејство. Со новата опција, еднаш обележениот сајт ќе биде „замолкнат“ се додека вие не ги измените подесувањата. За сега, опцијата е достапна во тест-верзијата на Chrome Canary достапна на следниот линк:
https://chromium-review.googlesource.com/c/chromium/src/+/580112

Извори: TechSpot, TechCrunch

Претходна статијаСамсунг претставува три нови екрани за употреба за работни цели на саемот ИФА2017
Следна статијаПаѓа популарноста на Facebook кај младите, на сметка на Instagram и Snapchat