Пред две недели Google ја пушти 73-та верзија од Chrome прелистувачот која, покрај другите работи, донесе и поддршка за темна тема, но само на macOS.

Поддршката за Windows 10 беше најавена за нешто подоцна, па истата ќе дојде со наредната верзија од прелистувачот, верзија која моментално е во бета и им е достапна на сите корисници за симнување.

Вклучувањето на темната тема е едноставно. Не се прави преку самиот прелистувач, туку ги следи прилагодувањата на оперативниот систем.

Темната тема во Windows 10 се вклучува преку Settings > Personalization > Colors. Во овој дел е достапна опцијата Choose your default app mode, а изборот е Light или Dark.

Доколку го изберете Dark, покрај тоа што Windows 10 и одредени други апликации ќе добијат темна тема, сега и Google Chrome ќе ја вклучи својата темна тема.

Chrome 74 официјално ќе стане достапен за околу еден месец, односно на 23 април, па доколку не ви се чека, можете да ја симнете бета верзијата на овој линк.

Претходна статијаTesla ќе ги предупредува возачите кои не планираат да застанат на црвено светло
Следна статија(Видео) Прв поглед на Microsoft Edge направен на основа на Chromium
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.