0312

Веројатно некои од нашите читатели се обиделе да започнат со програмирање. Тоа што изгледа интересно првите 3 минути набргу може да стане досадно, па дури и ментално оптоварувачки после некое време. Па потоа навлегувате во синтакса на C++/C#, како е слична со Java и како можете да го искористите .NET за да направите програм кој просто на екранот испишува „Hello World“ (најдосадниот програмерски пример било кога).

Програмирањето може да биде позабавно, а револуцијата во ова поле започнува тек овие денови. На почетокот на истото доаѓа Apple со нивната најнова апликација за iPad која е наречена Swift Playgrounds.

Може да изгледа дека Swift Playgrounds е наменета само за деца поради нејзината визуелна содржина, па нема што многу да ве научи во програмирање, но по краток поглед станува јасно дека покрај забавноста таа навистина нуди вистинско програмирање.

Се работи за новиот програмски јазик Swift кој Apple го промовираат некое време за да биде превземен од сите развивачи на апликации за нивниот App Store. Нормално, најубаво би било ако можат да ги фатат младите луѓе кои тек сега започнуваат да се интересираат за програмирање.

Самиот начин на учење е прилично интересен – постојат предизвици кои карактерот на екранот треба да ги направи, а може да ги постигне ако го испрограмирате решението. Тоа што дополнително импресионира е прилагоденоста на апликацијата за користење со прсти, што е новост во сивиот свет на програмерските алатки.

Имено, со помош на паметна поставеност на команди и копчиња многу од алатките се достапни директно до прстите, место да се бараат по 13 нивоа на менија. Ова секако носи поедноставување на тоа што може да се вклучи и прикаже на екранот, но ако вашето дете (или детето во вас) ги помине сите примери во Swift Playgrounds, веќе ќе има основа за да продолжи да програмира во посложени развивачки околини за Swift. Со оглед на тоа што јазикот е официјално поддржан и промовиран од Apple, тој веднаш може да се пренесе за да се компилираат и создаваат апликации за iOS.

Сè на сè прекрасна апликација која ќе овозможи на децата и возрасните забавно и полесно учење на програмирање, нешто што очајно фалеше пред една декада.

Дополнителни информации: FastCompany, Apple Newsroom, TechCrunch