Сме зборувале за медитација и претходно. Користа која би ја имале од секојдневна медитација е повеќе пати докажана. Почист ум, урамнотежени емоции, помалку избувнување и стрес и полесно носење со животните предизвици се само дел од тоа што ќе го искусите откако ќе медитирате извесен период.

Медитацијата не е магично апче за решавање на сите животни проблеми. Има различно влијание кај различни луѓе. Зависи од карактерот на човекот, неговите животни предизвици и неговата емоционална „фреквенција“.

Она што е сигурно е дека медитацијата ќе не направи посмирени и прибрани, и веројатно ќе почуствуваме поголемо задоволство од животот. А тоа е нешто што на сите ни е потребно.

Во продолжение се четири апликации за медитација кои ќе ве водат низ процесот на медитирање. Сите се бесплатни, со тоа што нудат и премиум платени верзии.

Insight Timer

Оваа апликација ја користам најчесто. Бираш некоја од илјадниците медитации што ги имаат на понуда и почнуваш да медитираш. Можеш да си ги креираш медитациите така како што најмногу ти одговара. Ако сакаш музика, ја имаш таа опција. Ако сакаш некој глас да те води, ја имаш и таа. Истото важи и за должината на секоја медитација (има медитации од 1 минута, има и такви што траат 60 минути).

Calm

Прилично популарна опција. Calm нуди низа на бесплатни медитации со најразлични амбиенти (дождлив и планински амбиент се едни од моите најомилени). Интерфејсот е исто така убав, но мене повеќе ми прилега тој на Insight Timer.

Headspace

Можеби најсоодветна апликација за секоj почетник. Кога ќе ја инсталирате, добивате бесплатен десет-дневен курс за медитација за почетници. Секоја медитација трае 10 минути и е проследена со објаснување за тоа што претставува медитацијата и со каков mindset треба да и пристапите.

Waking Up

Ова е новата апликација на Сем Херис. Слушам прилично убави работи за оваа апликација, иако се уште не сум ја истражил темелно. Она што го знам е дека содржи водени медитации од страна на Херис, чиј глас може да ве доведе до заспивање без разлика на која тема тој зборува.

Претходна статијаАдвокати, пазете се. Доаѓа вештачката интелигенција
Следна статијаQLED треба да биде вашиот избор за телевизорот кој би го користеле за играње на игри