Извори на Bloomberg неофицијално го информираа овој медиум дека Adobe е во фаза на прилагодување на Photoshop, можеби најпознатата апликација од компанијата, да работи на таблет компјутерот од Apple, односно iPad.

Првата работа која може да се каже дека ова го прави конечно возможно, е напредокот на мобилните чипови кои се веќе доволно моќни за да можат да овозможат користење на вакви апликации, со сите нивни можности и на мобилните уреди.

Втората работа која доведува до оваа „ситуација“ е огромната популарност на хибридните уреди од Microsoft кои работат на целосната десктоп верзија од Windows 10, а се мали, лесни и мобилни, односно во форма на нешто поголем таблет компјутер.

Успехот на оваа категорија на производи направи да дури и Apple претстави поголема верзија од својот iPad, со наставката Pro, за кого тврдат дека може да замени лаптоп компјутер. Единствената маана на овој уред којшто е исто така популарен и го користат огромен број на корисници, е што сепак на него не може да работат класичните апликации кои на таблет компјутерите од Microsoft работат без проблем.

Photoshop верзијата за iPad треба да ги има сите или скоро сите функции од десктоп верзијата, за разлика од моментално достапните Photoshop Express, Mix и Fix. Истата наводно веќе е во развој, а треба да биде официјално претставена на настан во октомври, а да стане достапна од идната година.

Како и секогаш, неофицијалните информации од познатите медиуми можеме да веруваме дека се точни, меѓутоа временската рамка која е дадена може да биде променета. Сепак, можеме да очекуваме претставување на Photoshop кој ќе работи на мобилните оперативни системи.

Photoshop не е првата апликација од Adobe која е замислена да работи и на мобилните системи. Од Adobe веќе најавија нова верзија од Premiere Pro која ќе може да работи на сите платформи, а ќе ги има повеќето функции од главната апликација.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2Digital Trends
Претходна статијаMicrosoft и Walmart склучија договор за соработка во обид за подобра конкуренција против Amazon
Следна статијаHUMU Augmented Audio Cushion е перниче со вграден звучник
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.