Adobe

Adobe оваа недела претстави нова апликација која овој пат е наменета во главно за обичните корисници. Photoshop Camera е замислена да се користи како замена за стандардната камера апликација која доаѓа со телефонот, а со помош на вештачката интелигенција на корисниците ќе им овозможи ефекти какви што досега може да се каже не можеле да ги имаат, барем на вака едноставно.

Photoshop Camera во основа е апликација која ќе додава ефекти на сликите, пред и по нивното сликање. Со оглед дека вакви апликации се достапни доста и веќе одамна, а и такви со вештачка интелигенција, разликата доаѓа во тоа што оваа е направена од Adobe, компанијата која стои зад развојот на Photoshop.

Не е за џабе што се користи името на Photoshop за оваа апликација. Наједноставно што може да се опише апликацијата е дека ги донесува ефектите кои може да бидат направени со повеќе работа во Photoshop, само со еден клик и без потреба од поседување на способност за работа со Photoshop.

Ефектите нема да бидат само во категоријата на додавање на бои и разни нијанси кај сликите, иако и тоа ќе биде достапно. Тие ќе идат неколку чекори понапред, па ќе овозможат и промена на слика која е сликана преку ден, да изгледа како да е сликана навечер, а ова е само еден пример.

Напредноста на Photoshop Camera ќе се гледа во тоа што апликацијата ќе може да ги промени сите делови од сликата, па истата ќе овозможи осветлување, на пример, на одреден дел, додека ќе го задржи нивото на дел од сликата кој веќе е осветлен.

Примерите се доста, а повеќето ќе можеме да ги видиме кога апликацијата ќе стане официјално достапна за сите, а во меѓувреме можеме да го погледнеме видеото од Adobe во кое ја опишува истата, на следникот линк.

ИЗВОРFast Company
ИЗВОР 2Adobe
Претходна статијаFirefox веќе нема да дозволува да ви пречат барањата за добивање на известувања од веб страните
Следна статијаInstagram ќе почне да го крие бројот на лајкови на објавите кај дел од корисниците во САД
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.