15years-vlc

На 1-ви февруари познатиот плеер којшто ги пушта сите формати на фајлови кои ќе ви текне, направи 15 години. Поточно, проектот е нешто постар, меѓутоа оваа дата се смета како официјалниот почеток на VLC под GPL лиценцата (GNU General Public License), а со тоа и достапен за јавноста.

Првите почетоци на VLC се во францускиот факултет École Centrale Paris каде што се напишани првите линии на код од плеерот. Во тоа време бил користен од страна на студентите за гледање на видео содржина од сателити низ факултетот.

Од тогаш, VLC е еден од најпопуларните видео плеери којшто не само што може да ги пушти повеќето видови на видео и аудио формати, туку е достапен на скоро сите платформи, па дури и на Windows Phone. Конкретно VLC има своја верзија за Windows, GNU/Linux, BSD, OS X, iPhone и iPad, Android, Solaris, Windows Phone, BeOS, OS/2, Android TV, Apple TV, Tizen и ChromeOS.

Во овие 15 години на VLC работеле повеќе од 700 програмери коишто извршиле повеќе од 70.000 задачи. Плеерот е симнат повеќе од 2 милијарди пати, а е користен од стотици илјади корисници.

Моментално се работи на развојот на третата верзија од VLC чија што главна цел ќе биде унифицирање на мобилните верзии низ сите платформи. Со оглед на тоа што на десктоп плеерот е унифициран, а мобилните телефони се повеќе се користат за секакви активности, унифицирање на плеерот е нешто што мора да биде направено.

vlc_101_w7

Во случај да не сте баш запознаени со VLC Player, се работи за програма којашто може да ги пушти повеќето формати на видео и аудио без потреба од инсталирање на било каков дополнителен софтвер, како на пример кодеци. Можете да го симнете преку официјалната страна на следниот линк.

Извор: Jean-Baptiste Kempf

Претходна статијаНовиот Wraith кулер на AMD е потивок и помоќен
Следна статијаНајди место 2.0 – Нов дизајн на оваа одлична македонска апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.