Фото: Shutterstock.com

YouTube Playables сервисот од Google официјално е потврден од компанијата од каде најавија дека започнуваат со ограничен тест за корисниците на Premium претплатата.

За овој сервис можевме да прочитаме во јуни оваа година и во основа тоа што беше најавено сега започнува официјално да се тестира.

Корисниците на YouTube ќе имаат посебен дел од каде ќе можат да играат игри кои ќе бидат достапни на мобилните, но и на десктоп компјутерите. За разлика од откажаниот Google Stadia сервис или игрите на Netflix, Playables нема да нуди игри кои се инсталираат или игри на какви се научени PC корисниците.

YouTube Playables ќе им овозможи на корисниците да играат мали игри кои обично се достапни преку веб, па иако ова нема да ги привлече сериозните „гејмери“, ќе им овозможи на останатите дополнителен начин на забава.

До сервисот се пристапува преку делот за експерименти кој го имаат YouTube Premium корисниците, но истиот не им е пуштен на сите.

Зошто од Google се одлучија на ваков чекор, искрено не ми е баш јасно, но со оглед на тоа што засега се работи за тест, не е познато дали Playables ќе стане официјално достапен за сите корисници.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаWindows 11 ќе почне да го почитува изборот за главен прелистувач на корисниците во ЕУ
Следна статијаОгромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.