Фото: Shutterstock.com

Stories се едни од најпознатите форми на објава на друштвените мрежи, а скоро и да нема корисник кој не ги користи. Прво претставени на Snapchat, а потоа преземени како начин на објава од страна на Instagram, овие објави со рок на траење од 24 часа се одличен начин да се прикаже нешто што не е замислено да остане на профилот.

Сепак, популарноста на Stories не е баш голема на YouTube, а тоа и не треба да изненадува. За разлика од друштвените мрежи, сервисот за видеа не е баш место каде вакви објави би имале голема намена, а и од компанијата не ги пуштија за доволно корисници.

Поради ова, YouTube веќе нема да има можност за објава на Stories, а оваа промена ќе започне од 26 јуни. Во периодот што следи ќе бидат тргнати поставените објави, односно сервисот целосно ја трга оваа форма на објави.

Тоа што сепак останува и добива се поголема популарност, исто како и кај друштвените мрежи, се Shorts кратките видеа снимени во вертикален формат. Ова е тип на објава кој стана популарен со TikTok, па исто како и со Stories, останатите не оставија да оваа мрежа биде единствената со вакви објави.

Креаторите на YouTube се дополнително мотивирани за објава на овој вид на објави, преку овозможување да се заработува и од нив, а не само од долгите и класични видеа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаThunderbird доби ново лого да оди со редизајнот планиран за ова лето
Следна статијаMicrosoft ќе овозможи исклучување на нивните „виџети“ со вести во Windows 11
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.