Google, односно YouTube ги објави најпопуларните видеа и креатори за оваа година, од која остануваат уште неколку недели. Оваа година се разликува по тоа што за првпат е објавена топ листа со најпопуларни Shorts видеа, кои нема мрежа на која не се популарни и се „копија“ на TikTok, односно на копијата на TikTok од Meta, Facebook и Instagram Reels.

Од YouTube истакнуваат дека најпопуларните видеа оваа година покажуваат дека индивидуалните, онлајн заедниците се повлијателни од било кога претходно. Ова можеме и самите да го видиме од видеата кои мали „продукции“ имаат една или неколку личности, а со достапноста на алатки и технологија, тие можат да се носат со професионалните медиуми од порано.

Како најгледано видео за 2022 е видеото од каналот Technoblade, кое е направено од таткото на сопственикот на каналот кој починува.

На второто место е видеото од Вил Смит како му удира шамар на Крис Рок за време на Оскарите. Ова видео најмногу е гледано преку каналот на Guardian News.

Од YouTube истакнуваат дека топ 10 најгледаните видеа биле прегледани 650 милиони пати, а биле изгледано 55 милиони часа од нив. Каналите кои стојат зад овие видеа имаат вкупно повеќе од 250 милиони претплатници.

Број 1 канал за 2022 година останува каналот MrBeast, а по него следат каналите NichLmao, Airrack, Ryan Trahan…

Целосните листи на најгледани видеа и најпопуларни канали, како и топ 10 листата на најгледани Shorts видеа, можете да ја погледнете тука.

Треба да се истакне дека YouTube оваа топ листа ја објавуваат за САД, па не мора да значи дека популарноста на каналите е иста во целиот свет, иако веруваме дека не се разликува многу.

Претходна статијаФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени
Следна статијаВидео од Tesla автомобил како самиот вози низ град по дожд го покажува развојот на технологијата во најновата бета верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.