Ниските температури Ве спречуваат да бидете активни? Потрагата по одличен статичен велосипед во кој може да уживате од удобноста на Вашиот дом, може да заврши. Веќе богатиот каталог на фитнес уреди во Смартус, се збогатува со новиот статичен велосипед Yesoul S3.
Bluetooth поврзувањето, магнетниот отпор, можностите за прилагодување, како и впечатливиот, модерен дизајн, се само некои во низата карактеристики. Возењето е секогаш тивко и непречено и неговите димензии го прават идеален за употреба во домашни услови. Може да издржи тежина до 120кг и прилагодлива висина од 150 до 188 cm.
Велосипедот е опремен со кормило и седиште и може да се прилагодат на возачот, па затоа е погоден за корисници со различна висина. Со едноставен механизам за прилагодување на нивоата на отпор, можете лесно да го изберете точниот интензитет на вежбање што ќе ви одговара, без разлика дали сте почетник или професионалец. Лесно се поврзува со Bluetooth и може да се поврзе со смартфони и таблети со помош на апликацијата Yesoul.
Yesoul S3 е достапен веднаш на официјалната веб страна на Смартус на следните линкови:
Yesoul S3 црн https://www.smartus.mk/xiaomi-yesoul-s3-smart-spinning-staticen-velosiped-crn-1659.html
Yesoul S3 бел https://www.smartus.mk/xiaomi-yesoul-s3-smart-spinning-statichen-velosiped-bel-1665.html