Фото: Shutterstock.com

Друштвената мрежа чиј сопственик е Елон Маск, X, најавија дека листата со „лајкови“ на објавите станува приватна, односно корисниците кои ја гледаат објавата веќе нема да може да видат кои корисници го имаат притиснато копчето „лајк“. 

Целта на оваа промена е да се заштитат корисниците од можни „последици“ поради објавите кои им се допаѓаат, а X како мрежа која се смета како целосно отворена и без цензура, стана место каде се разговара на секакви теми. 

Корисниците кои ја имаат направено објавата ќе продолжат да имаат пристап до листата на „лајкови“, па промената е само за јавноста, односно за корисниците кои ја гледааат објавата. 

Промената веќе е пуштена, па може да се забележи дека притискањето на копчето со бројот на „лајкови“ веќе не работи, односно ништо не се случува со неговото притискање. 

Претходна статијаwatchOS 11 не донесува големи новини, но затоа донесува неколку одлични нови функции
Следна статијаiOS 18 донесе одамна потребни новини кои се карактеристични за Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.