Windows-Fan-Club

Најголемите фанови на продуктите на Microsoft, како Windows 10, Windows Phone и Surface линијата на уреди, се собираат на првата дружба на која се поканети сите „истомисленици“, но секако и сите вљубеници во технологијата и се што е поврзано со неа. Собирот ќе се одржи во Dimas Bar&Grill.

„Windows Фан Клуб“ е инаку отворена група на Facebook, каде можете да се информирате за се од Microsoft и тоа од прва рака. Најчесто се зборува за Windows 10, но исто така, многу често постовите се однесуваат на најразлични проблеми со продуктите на Microsoft, нормално со решение во коментарите. Тука ќе наидете на многу Windows ентузијасти, но како и секогаш ќе се најде по некој „трол“, кои да бидеме искрени, ја прават групата само поинтересна.

Дружбата ќе биде пред се насочена кон разменување на мислења, а ќе има и краток официјален дел со презентации, каде ќе се зборува за новиот Windows 10 и како на него гледаат корисниците. Нормално, Windows ентузијастите ќе бидат подготвени да одговорат и на секое Ваше прашање.

Настанот го помагаат и „Microsoft Македонија“, кои се воедно и големи поддржувачи на групата и кои исто така ќе бидат присутни на настанот, како и нашиот портал, кој секогаш е пријател на ентузијастите од светот на технологијата. Посетителите ќе имаат можност и да си поиграат со Windows 10 на неколку „2 во 1“, односно лаптоп/таблет уреди.

Дружбата ќе се одржи на 7 Ноември, во Dimas Bar&Grill и е од отворен карактер. Сите заинтересирани можат подетално да се информираат на следниот линк.

Претходна статијаКина ќе го гради најголемиот судрувач на честички во 2020
Следна статијаLenovo Yoga 700 е таблет/лаптоп за оние со малку потенок буџет