Како што објавивме минатата недела, Microsoft воведува промени во начинот на којшто ќе ги пушта двете годишни надградби на Windows 10. Во основа, корисниците веќе нема да мораат веднаш да ја инсталираат надградбата, тоа ќе мора да го направат само кога ќе истече поддршката за нивната моментална верзија, а исто така ќе можат да ги одложат надградбите, освен безбедносните, до 35 дена.

Другата новина, другата важна вест од минатата недела беше и дека оваа година Microsoft ќе го одложи пуштањето на сега веќе наречената Windows 10 May 2019 Update, до мај. Тоа им остава простор од уште неколку недели за дополнително тестирање, а сето ова е мотивирано од проблемите кои се јавија минатата година со двете надградби.

Како што беше најавено, од оваа недела Windows 10 May 2019 Update ќе стане достапна во Release Preview кругот од Windows Insider програмата, па сите корисници кои не сакаат да чекаат до мај, но исто така не сакаат да инсталираат несигурна и нестабилна верзија, тоа можат да го направат од оваа недела.

Release Preview е круг во Insider програмата кој овозможува најголемо ниво на сигурност дека верзијата која се инсталира пред време е стабилна. Обично во овој круг се пушта финалната верзија од оперативниот систем која е спремна за сите корисници.

Доколку сакате да ја инсталирате надградба уште од сега, треба да се приклучите на Windows Insider програмата одејќи во Settings > Update & Security > Windows Insider Program > Get Started.

Тоа што треба да внимавате е да не притиснете на Active Development, поради тоа што ќе ви ги дава побрзите и понестабилни надградби, како и Skip Ahead, со што ќе ја добиете надградбата од идната година.

Тоа што треба да го изберете е „Just fixes, apps, and drivers“, со што ќе се приклучите на Release Preview кругот. Компјутерот ќе се рестартира, повторното ќе отидете во Windows Insider Program делот каде ќе треба да притиснете на Fix копчето, па ќе можете да проверите за нови верзии од оперативниот систем, со што ќе ја добиете и најновата верзија од Windows 10.

По инсталацијата препорачливо е да се исклучите од Insider програмата со што ќе продолжите да ги добивате само официјалните ажурирања на системот. Тоа можете да го направите со повторно одење во Windows Insider Program и притискање на Stop getting preview builds, а ние препорачуваме по рестартирање на компјутерот да отидете и на Privacy делот од Settings и да го вратите на Basic ниво прилагодувањето во Diagnostics & feedback.

Кои се главните новини во оваа верзија од Windows 10 можете да ги погледнете во видеото во продолжение.

Претходна статијаЖртва: Ексклузивна премиера на трилер-серијата на Pickbox
Следна статијаGalaxy Note10 ќе дојде со две различни големини на екранот?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.