После долго време, враќањето на познатиот Winamp официјално започнува денеска. Llama Group, компанија која ги држи брендот, ја објави првата модерна верзија од Winamp, која ја очекуваме последните неколку години.

Сепак, тоа што не го очекувавме, а можеби и има логика зошто е вака направено, е стилот на апликацијата. Таа сега е пуштена само преку веб, значи нема мобилни и десктоп апликации, а во оваа фаза и нема можност за слушање на mp3-ките од корисниците.

Главниот акцент на Winamp сега е стриминг на содржина, но тие нема да бидат само уште еден конкурент на Spotify и другите, па сервисот ќе биде место каде одредени „креатори“ ќе можат да ја споделат својата музика, креатори кои уште не се многу познати.

Покрај ограничениот засега број на достапни изведувачи и нивната музика, Winamp има дел за радио станици, па има и не така мал број на македонски станици кои може да се слушаат.

Тука секако е и делот за подкасти, нешто што е доста популарно во денешно време, па може да се каже дека со тоа се добива еден потенцијално одличен нов сервис.

За месеците кои следат се планира пуштање и на мобилни верзии, а подоцна и десктоп верзии од Winamp, за кога се најавува и можност за додавање на личната музика од корисникот. Во основа, тогаш Winamp ќе може да се каже дека е повторно тука, а дотогаш е одлично место за слушање на радио станици.

До Winamp може да се пристапи преку следниот линк.

Старата десктоп апликација интересно се’ уште е достапна и истата има не така мал број на корисници.

ИЗВОРWinamp
Претходна статијаФИТР чекор поблиску до акредитација во Зелениот климатски фонд (ЗКФ)
Следна статијаОбновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Свети Николе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.