На 14ти март по втор пат се одржа InTech MeetUp во Скопје, во ресторанот МКЦ. Стотина  програмери, ИТ ентузијасти, претприемачи присуствуваа, каде се зборуваше за една од поактуелните теми во денешно време, а тоа е вештачката интелигенција и машинското учење.

Кратко интервју со Тања Златановска од InPlayer, која е дел од организацијата:

Која е целата замисла на InTech MeetUp?

InTech MeetUp е поддржан од InPlayer и замислата е да се одржуваат неколку meetup-и годишно. Целта на овие настани е да ја соберат заедницата на програмери на едно место и да им овозможат да зборуваат за технологија, да се запознаат, и да се дружат. InPlayer и партнерите, кои се надевам ќе ги имаме во поголем број за следниот meetup, ќе се погрижат секојпат да носат значајни говорници од странство кои ќе имаат што да кажат и да ги изберат програмерите во Македонија кои имаат доволно знаење и сакаат да го споделат со заинтересираните.

Кој стои зад целата организација на настанот?

Зад организацијата на InTech MeetUp настаните во моментот стојат InPlayer и Braisnter, но би сакала да напоменам дека сме отворени и расположени за соработка со предавачи, организации и компании кои би сакале да го поддржат или дадат некоја нова идеја за секој следен InTech MeetUp настан.

На кој начин ги одбравте говорниците за последниот meetup?

Говорниците ги одбравме со помош на нашите соработници од Brainster, кои се нашите “partners in crime” за организација на овој настан. :)

Кога е во план следниот meetup и на која тема би бил?

Подготовките за следниот meetup се веќе во тек и набрзо ќе бидете известени преку нашите социјални профили на Facebook и Twitter каде и кога ќе се случува. Во однос на темата и говорниците, и овојпат планираме да ги дефинираме со помош на посетителите на InTech MeetUp настаните и нашите соработници од Brainster.

Овојпат говорници беа: Ваибхав Кулкарни – кој е на докторски студии во Швајцарија на Универзитетот Лозана, Мартин Анчевски – CTO во CodeWell, и Џишан Ванг -UNIX kernel развивач, како и основач на Openbiz Framework.

Настанот го отвори Викторија Николовска, која беше модератор на настанот.

Ваибхав Кулкарни – првиот говорник, зборуваше на тема „Application of machine learning in geographic information systems“, односно за користењето на location service-based апликации. Апликации каде нашата локација е неопходна за користењето на нивните сервиси/услуги, каква е сегашната ситуација и предложи начини за како во иднината би се интерпретирало тоа, базирано на неговиот докторски труд што го изработува.

Потоа говореше Мартин Анчевски на темата „Using AI in smallstartups is possible„, каде направи еден историски времеплов на нивните апликации: Автобуско, МаркО и LetZ. Каде во детали образложи како почнуваќи од Автобуско, во тоа време, користеле односно работеле на систем за предвидување на времето на автобусите кога би пристигнале до одредени станици, па се до апликацијата МаркО и LetZ. Наведе дека користењето на вакви технологии во стартапите придонесува многу за развој на нивните услуги, како и за развој на стартапот.

Последен говорник беше Џишан Ванг на тема „Find the hidden pattern in the world – Optimize strategy and predict the future“. Џишан ги наведен основните поими, модели и концепти на машинското учење, кои во денешно време се применуваат.

Настанот заврши со кратка дебата, односно сесија за дискутирање на прашањата од публиката, која на крајот заврши со коктел.

Претходна статијаАпликации кои “тивко” го трошат Вашиот мобилен интернет
Следна статијаЗошто декстоп компјутер е подобра опција од лаптоп?