Koronavirus.gov.mk е нова специјализирана веб страна од владата на која граѓаните ќе можат да ги најдат сите потребни информации коишто може да им бидат потребни, а се поврзани со коронавирусот.

На оваа страна се достапни информации за SARS-Cov-2 вирусот и COVID-19 заболувањето кое го предизвикува, симптомите, како да се заштитите, сите контакт телефони кои ви се потребни, можност да пријавите прекршок и слично.

На страната исто така се достапни сите најнови вести поврзани со случувањата, како и видеата од сите најнови прес конференции на Министерот за здравство.

Тоа што е добро е што има и детална статистика со мапа и графикони за потврдените заболени со вирусот, поделени според градови, како и општини за Скопје.

Веб страната е достапна на овој линк, а истата овозможува да вклучите и известувања на прелистувачот со цел да останете навремено информирани со сите најнови информации и случувања.

Дополнително, покрај веб страната, достапни се и мобилни апликации за Android и iOS, а со нив би можеле уште посигурни да бидете дека ќе ги добиете сите известувања.

Претходна статијаМакедонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски
Следна статијаA1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.