Иако вниманието на Virgin Galactic е во главно насочено кон развојот на леталото кое треба да носи патници до орбитата на Земјата и назад, сепак од компанијата размислуваат и за можноста за пренесување на патници на Земјата.

Од таму оваа недела го претставија својот концепт за летало кое е замислено да пренесува патници во комерцијални летови, тука на Земјата, односно од една до друга точка. Сето тоа не би било ништо посебно да го привлече вниманието ако не беше брзината со која би биле пренесувани патниците, 3.700 км/ч, односно мах 3, три пати поголема од брзината на звукот.

По Конкорд, иако има по некоја најава, никој досега нема повторно претставено авион кој би ги вратил суперсоничните комерцијални летови, а со тоа и големо намалување на времето потребно да се патува од едно до друго место, нешто што би направило огромна разлика за летовите што се по 12 часа.

Леталото на Virgin Galactic е во фаза на концепт којшто е одобрен од страна на FAA, во развојот има учествувано и NASA, додека за моторите на леталото се соработува со Rolls Royce.

Главната негативна страна моментално од тоа што може да се види е капацитетот на леталото кое ќе може да пренесе од 9 до 19 патници, што е повеќе пати помалку од сегашните комерцијални авиони кои во главно пренесуваат по 100 патници во просек.

ИЗВОРVirgin Galactic
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаКина нема да ја прифати „кражбата “ на кинеската компанијата TikTok
Следна статијаЗаштити го водоснабдителниот систем – „Биди одговорен, однесувај се совесно“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.