gameon

Со најновата верзија на оваа популарна апликација за разговори и повици, корисниците добиваат можност за играње на игри. Изборот ќе биде ограничен, односно од компанијата изјавуваат дека сакаат да понудат мала, но добро избрана листа на игри кои што корисниците ќе можат да ги играат со своите пријатели.

Во основа, оваа нова можност наречена Viber Games е додадена во апликацијата и истата сега вклучува три игри. Игрите се инсталираат посебно преку Play продавницата за апликации, а корисниците имаат можност да се поврзат со нивниот Viber ID и да играат со нивните пријатели, да го следат нивниот напредок и слично.

Viber-Games-screens

Игрите кои што се достапни се Viber Candy Mania, Viber Pop and Wild Luck Casino од кои што првите две ги вклучуваат некои од познатите стикер карактери кои што корисниците веќе подолго време имаат можност да ги користат.

На почеток, игрите ќе бидат достапни за Android и iOS платформите, но и во само 5 земји, односно во Белорусија, Малезија, Украина, Израел и Сингапур. Од почетокот на идната година достапноста е најавена за сите корисници на овие платформи.

Извор: TNW, TechCrunch

Претходна статијаШпанија замавна, Гугл (соодветно) одговори
Следна статијаDropbox 3 достапен за Windows, Linux и OS X
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.